За Нас
Претпријатието ПРИМЕКС ДОО Скопје е основано во 1995г. а во 2000г. преку тендер од агенцијата за приватизација го купува ладилникот во Прилеп. Примекс располага со инсталација на комплетна линија за обработка на цреша, линија за обработка на пиперка како и комплетно модифицирани ладилници и компресори за ладење и свој сопствен магацин за сместување на финалниот производ. Примекс и денес вложува големи напори за модернизација на ладилникот.
Нашите ладилници се изградени според највисоки стандарди. Тие се со термичка изолација од класа "А" и ладење со високо софистициран систем како и најдобри компресори за оваа намена во сегашно време.

Политика на безбедност во производство
Барањата и очекувањата на купувачите, законите, регулативите и принципите на добро производство и хигиена во пракса се основни двигатели за организациониот развој на фирмата.

